Том Круз на бејзбол натпревар: Расположен, но што е со лицето на актерот?/ВИДЕО

2845

Актерот Том Круз неодамна се појави на бејзбол натпревар, а неговото присуство не помина незабележано. Прославениот актер беше во друштво на неговиот син Конор, кого го посвои во бракот со Никол Кидман.

Во видеото од споменатиот настан, Круз е насмеан и видно расположен, но фановите забележаа дека тој изгледа многу поразлично од порано.

Имено, корисниците на Твитер се прашуваа дали неговото лице е отечено поради тоа што се здебелил, или поради некоја друга причина.

„Том, што направи со твоето прекрасно лице? Се разочарав кога те видов на трибините. „Престани да ги ставаш с*рања на твоето лице, те молам“, „Или направи нешто со лицето или се здебели“, се некои од коментарите.

Имаше и такви кои го бранеа Круз од негативни коментари.

„Не ми се допаѓа Том, но навистина ми е гадно што луѓето исмејуваат други на Твитер поради промените во нивната тежина. „Луѓето можат да се здебелат, или да ослабат и тоа навистина не е ваша работа“, „Тој сѐ уште изгледа одлично за својата возраст“.