Најдобриот квотербек на сите времиња, Том Брејди (45), и официјално се прости од американскиот фудбал. Пред една година Брејди ја објави истата одлука, па се предомисли по само 40 дена. Сепак, по слабата сезона со Тампа Беј Баканирс, кои беа елиминирани од Далас во плејофот, реши конечно да замине во пенција по 22 сезони минати на теренот.
- Знам дека процесот на пензионирање беше голема работа минатиот пат, па штотуку се разбудив и решив први да дознаете за мојата одлука, истакна Брејди во видео пораката на социјалните мрежи.
За мнозинството Американци, Брејди не е само најдобриот бек, туку и најдобриот спортист на сите времиња, дури и пред боксерот Мухамед Али, голферот Тајгер Вудс или кошаркарот Мајк Џордан, а му помогна и „холивудската приказна“.
Никој не го очекуваше Брејди кога беше избран како 199. пик на драфтот во 2000 година, и тој ќе испадне неприкосновен играч во американскиот фудбал во 21 век. Тој дури шест пати го освои Суперболот со Њу Ингланд, а потоа и со Тампа Беј во првата нивна сезона во 2020 година.
Сепак, тој не сакаше после тоа да се пензионира и да има достоинствен крај, а во следните две сезони се уште беше далеку од титулата со Тампа Беј. Меѓу другото, поради ова го напушти и сопругата Жизел Бундхен, која повеќе не можела да го поднесе фактот што нејзиниот сопруг постојано е отсутен од дома. Но, по повод неговото заминување во пензија, згодната манекенка остави порака на социјалните мрежи.
- Не ти посакувам ништо друго освен прекрасни работи во ова ново поглавје од твојот живот, напиша Жизел.
Исто така ќе биде забележано дека Брејди освоил повеќе плејоф-победи од било кој НФЛ клуб, а многу рекорди ќе останат недопирливи.