Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах, изјави дека сè уште се актуелни препораките до меѓународните федерации да не им дозволуваат на спортистите од Русија и од Белорусија да учествуваат на нивните натпревари.
- Препорачуваме да не им биде дозволено на руските и на белоруските спортисти да учествуваат на какви било меѓународни натпревари. Беше неопходно да го направиме ова – изјави Бах.
Тој истакна дека спортистите не треба да бидат жртви на политиката, но додаде дека Комитетот нема друг избор. Мерките се однесуваат на сите руски спортисти и спортски функционери, без разлика на нивниот однос кон ситуацијата во Украина.