
Поранешниот репрезентативец на Франција и фудбалер на Арсенал и Манчестер Сити, Самир Насри, удри по неговиот сонародник Пол Погба кој падна на допинг тест пред неколку дена, и сега чека да се види дали и колку ќе биде суспендиран.
Фудбалерите се запознаени со сите лекови, или неговиот лекар немал доволно квалификации. Не знам дали е виновен, и не знам што размислувал и што побарал од докторот. Но, и покрај се мислам дека нема да биде суспендиран на четири години. Сметам дека ќе добие суспензија од една година. Тогаш може да заборави на кариерата на највисоко ниво. Сигурно дека многу ќе влијае. Можеби ќе се врати на фудбалот, но нека заборави на кариера каква што имал, изјави Насри.