Толку од Давиде Калабрија

50

Италијанскиот калчо гигант Милан планира за време на летниот преоден рок да стави крај на соработката со офанзивниот бек, Давиде Калабрија. Повремениот репрезентативец на Италија нема статус на стандарден првотимец, а со купувањето на францускиот интернационалец, Пјер Калулу, челниците на Милан јасно му ставија до знаење дека веќе не сметаат на неговите услуги. Како што информираат италијанските медиуми, офанзивниот бек ќе биде продаден на првиот клуб кој ќе испрати официјална понуда не помала од 10 мил. евра.