По средбата со Македонија, селекторот на Естонија, Јука Тоијала, искажа само пофални зборови за Ненад Димитријевиќ и му честиташе за фантастичната партија и покрај тоа што играше повреден.

  • Прво, мора да напоменам дека Македонија е навистина луд тим! Тие никогаш не се откажуваат. Губеа 16 поени против Италија и се вратија и победија. Овој пат губеа цело време и не победија во последните секунди. Поради ова, сакам да им оддадам почит и им симнувам капа, изјави селекторот на Естонија за медиумите од оваа земја.