Тодор Анчев од АК „7 Ноември“ и тројца ултрамаратонци и оваа година го посетија вечното почивалиште на Тоше

46

По повод 25 јануари, роденденот на “Балканскиот ангел”, Тоше Проески, неговото вечно почивалиште го посетија четворица од 10-те македонски ултрамаратонци кои минатиот октомври го истрчаа маратонот за Тоше, од Табановци до Крушево.

Меѓу нив беше и членот на АК 7-ми Ноември” од Гевгелија, Тоше Анчев. Тој, заедно со Наум Капричевски, Никола Гелов и Фидан Арсовски , како и со Стела и Бруна, фанови на Тоше од Хрватска, положија рози на гробот на пејачот кој има само датум на раѓање, и кој вечно ќе биде во срцата на сите оние кои уживаа во неговата песна.