Тодоров најави изградба на дом за стари лица во Кавадарци 

23

Изградба на дом за стари лица во Кавадарци најави денеска на прес-конференција кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата, Горан Тодоров.

а пензионерите, на болните и немоќните лица од oпштина Кавадарци им недостига соодветно место за сместување. Голем дел од семејствата во општина Кавадарци, немаат доволно финансиски средства да платат за приватен старечки домОвој дом ќе биде наменет токму за тие семејства, рече Тодоров. 

Тој додаде дека во рамки на домот за стари лица ќе има посебни простории за рекреација, како и ресторан. 

-Со изградбата на старечкиот дом ќе се олесни животот на многу семејства во Кавадарци кои немаат услови да се грижат за старите и немоќни лица, а овие лица ќе добијат соодветна нега и достоинствен живот, нагласи Тодоров. 

Тој рече дека на пензионерите од општина Кавадарци исто така им недостига место каде меѓусебно би се социјализирале и дружеле. 

-За таа цел општина Кавадарци на пензионерите ќе им опреми соодветен простор за оваа намена, како центар за рекреација на пензионери. Ние се грижиме за сите граѓани, од најмалите, од децата па до оние највозрасните. Нашиот концепт е Кавадарци да биде општина со еднаков третман кон сите свои граѓани, дециден беше Тодоров.