Тоа не е моја одлука

95

Актуелниот менаџер на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, откри дека повеќе го нема последниот збор кога е во прашање клупската иднина на португалскиот интернационалец, Кристијано Роналдо. Иако е убедливо најдобар поединец во очајната сезона на „црвените ѓаволи“, се погласни и погласни се шпекулациите дека Роналдо ќе биде продаден на крајот од актуелната сезона.

  • Тоа не е моја одлука. Кристијано има уште една година од договорот. Тоа е одлука која новиот тренер треба да ја донесе заедно со бордот, изјави германскиот стручњак.