Титулата за Медведев

15

Русинот Данил Медведев е победник на АТП турнирот во Софија. Русинот во финалето беше подобар од унгарскиот тенисер Мартон Фушович со 2-0 во сетови (6-4, 6-3).

Медведев го освои четвртиот турнир во АТП кариерата, со тоа што сега видлив е неговиот напредок и допрва се очекуваат големи работи на Мастерс серијата на тврда подлога во САД.

Данил Медведев со оваа победа многу напредуваше на АТП листата, сега е на 16. место и е најдобро рангиран руски тенисер.