Тина сепак не му набила рогови на Иличиќ

315

До почетокот на пандемијата со смртоносниот вирус Ковид-19, словенечкиот интернационалец од редовите на Аталанта, Јосип Иличиќ, беше еден од најдобрите европски офанзивци.

Иако има 32-години, во дресот на италијанскиот калчолигаш постигна 21 погодок и запиша девет асистенции, но после паузата, според пишувањата на италијанските медиуми, започнале неговите приватни проблеми.

Поголемиот дел од истите медиуми ја пласираа и информацијата дека Иличиќ ја фатил својата сопруга со друг маж, но после неколку дена, фудбалерот на Аталанта објави фотографија со која ги демантираше сите тие натписи. Тој на својот инстаграм профил објави фотографија на која позира со својата сопруга Тина, а под фотографијата напиша дека е на одмор во Словенија.

И предводникот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини се обиде да ја смири целата ситуација.

  • Иличиќ е опкружен со многу љубов и внимание. Такви се тие ситуации кои можат да се случат кога најмалце очекувате и можат да му се случат на било кој. Затоа се надевам дека што е можно побрзо ќе излезе од таквата ситуација и дека ќе биде ист фудбалер каков што беше претходно. Ние загубивме многу со неговото неиграње. Мислам дека нема да биде подготвен за 1/4 финалниот дуел против ПСЖ во Лигата на шампиони. Нема да биде подготвен затоа што многу време помина надвор од фудбалскиот терен. Ќе биде убаво ако го имаме за новата сезона, изјави Гасперини.

Тренерот на Аталанта и сите тимски колеги се обидоа да му помогнат на Иличиќ кој беше погоден од целата ситуација со коронавирусот и како сите останати мораше многу време да помине во карантин.

  • Станува збор за страшен фудбалер кој е полн со самодовреба кога е на зелениот терен, но истовремено станува збор за лесно кршлива и емотина личност, изјави поранешниот тимски колега на Иличиќ.

Тимските колеги го дружеа, му даваа подршка, но Словенецот се повеќе и повеќе се затвараше во себе и ги пропушти последните шест натпревари од изминатата сезона. Клупските челници тврдеа дека е повреден, а за да се врати во посакуваната форма, Иличиќ побара да се врати во Словенија каде што се дружеше со своите пријатели и својата фамилија. Поголемиот дел од времето го поминува дружејќи се со нив, а на друштвените мрежи се појави и информацоија дека има личен тренер кој му помага да ја одржи својата форма.