Тимот на Кејт ги разби шпекулациите: Цел свет стравува за неа, а сега може да здивне

2264

Веќе мистериозната приказна за операцијата и закрепнувањето на Кејт Мидлтон за некои стана уште помистериозна откако нејзиниот сопруг пред два дена во последен момент одлучи да не се појави на комеморацијата на неговиот кум, грчкиот крал Константин Втори, во Виндзор, од приватни причини без да открие дополнителни детали. Toa веднаш се поврза со принцезата од Велс. Иако Кенсингтонската палата соопшти дека сопругата на принцот Вилијам е добро, сомнежите и разните гласини не стивнуваат. Сега се огласи и нејзиниот тим, среде разни шпекулации.

„Кенсингтонската палата ја разјасни временската рамка за закрепнувањето на принцезата во јануари, а ние ќе обезбедиме само значајни ажурирања“, изјави ексклузивно за Page Six претставникот на Кејт Мидлтон, додавајќи: „Принцезата од Велс е добро“.

Откако на 16 јануари Кејт беше оперирана во приватна болница во Лондон поради проблеми со стомакот, се појавија шпекулации бидејќи не беше објавена причината за хируршката процедура, а многумина беа заинтригирани од фактот дека принцезата ќе закрепнува во време од два до три месеци. Експертите посочија дека тоа укажува на сериозна состојба, додека принцезата од Велс сака информациите за нејзиното здравје да останат приватни.

Принцот Вилијам денеска се врати на своите должности откако неговото отсуство на комеморацијата ја загрижи британската јавност.

Кралот Чарлс III исто така го пропушти собирот во Виндзор. Јавноста ги следи деталите за британскиот монарх, кој се разболел од рак. Палатата ова го соопшти на 5 февруари, а на се и претходела операција поради бенигно зголемување на простатата. Ракот е поврзан со друг проблем. Не е објавено за каква болест се работи, што исто така покренува одредени теории.

„Би сакал да ја изразам мојата најискрена благодарност за бројните пораки за поддршка и добри желби што ги добив во последните денови. Како што знаат сите оние кои заболеле од рак, таквите добри мисли се најголема утеха и охрабрување“, рече тој за јавноста.