Тилерсон оптимист околу денуклеаризацијата на Северна Кореја

12
Image: 0197816060, License: Rights managed, Restrictions: 0701099.jpg, TOKYO, Japan - North Korea's short-range Scud missile is shown during a military parade at Kim Il Sung Square in Pyongyang in July 2013. North Korea fired two short-range ballistic missiles into its eastern waters on June 29, 2014., Place: Japan, Model Release: No or not aplicable, Credit line: Profimedia.com, Newscom

Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон е оптимист во врска со преговорите за денуклеаризација на Северна Кореја, соопшти претставник на неговиот кабинет, кој побарал анонимност.

– Секретарот е голем оптимист дека можеме да постигнеме денуклеаризација преку преговори. На тој пат сме и ќе продолжиме, нагласи претставникот.

Тилерсон минатата недела на средба со високата претставничка  на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини изрази задоволство од санкциите наметнати од ЕУ против Северна Кореја.

– Ја поздравуваме единствената порака на ЕУ против Пјонгјанг, економскиот притисок ќе продолжи се додека не се промени курсот на Северна Кореја, изјави тогаш американскиот државен секратер.