Тилеманс наследник на Бускец

82

Белгискиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Лестер, Јури Тилеманс, е најновата желба на шефот на стручниот штаб на каталонскиот гигант Барселона, Чави Хернандез. Трофејниот шпански стручњак е убеден дека одличниот играч за врска може да биде вистинскиот наследник на Серхио Бускец, но неговата желба ќе стане реалност само доколку официјалната понуда не биде помала од 45 мил. евра.