Тилеманс во средниот ред

55

Најтрофејниот германски клуб, Баерн (М), ќе се обиде за време на летниот преоден рок да ги осигура услугите на белгискиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Лестер, Јури Тилеманс. Благодарение на одличните игри во изминатата и актуелната сезона, одличниот играч за врска го привлече внимание на раководните лица на баварскиот гигант кои се подготвени да одвојат околу 40 мил. евра за неговите услуги.