Тиквички со слатка пченка

86

Совршен летен ручек со сезонски зеленчуци, брзо се подготвува, а одушевува со вкусот и леснотијата.

Потребно е:

  • 4 тиквички со средна големина, исечени многу тенко
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 рендан кромид
  • 3 клавчиња пченка, исчистени
  • Лажичка морска сол
  • Лажичка црн пипер
  • 3 изматени јајца
  • 1 лажиче морска сол
  • 1 шолја рендан кашкавал

Приготвување:

Изрендајте ги тиквичките на најтенко. Зачинете ги изматените јајца со сол и црн пипер. Додадете маслиново масло во тавче на умерена температура, и потоа омекнете го кромидот околу 7 минути, да потемни малку. Додадете ја слатката пченка, сол и црн пипер и динствувајте уште околу 2-3 минути. Обложете го садот за печење со хартија за печење. Наредете два слоја тиквички на дното од садот. Ставете две третини од смесата со пченка, и ½ од кашкавалот. Сипете една третина од јајцата да го спои целиот слој. Повторете ја истата постапка додека да добиете 4 слоја тиквички и 3 слоја слатка пченка, кашкавал и јајце. Печете околу 40 минути. Рерната загрејте ја 180 степени Целзиусови. Оставете ја питата да одмори 20-30 минути пред да ја сечете.