Тиквешките земјоделци немаат интерес за органско производство

23

 

Недоволен е интересот за органско производство кај тиквешките земјоделци. Ова е оценката на извршниот директор на Федерацијата на производители на органски производи во Македонија, Горан Ангеловски на средбата со органски производители и земјоделци од Тиквешијата заинтересирани за да станат тоа, како и со претставници на државни институции од сферата на земјоделството.

– Тиквешијата е интересна не само за лозарството, туку и за други земјоделски култури. Има и туристички капацитети кои можат да се комбинираат со органското производство. Треба да се работи малку повеќе на тоа поле, со поддршка од општината, а се од Министерството какви субвенции ќе се даде. Треба да се биде активен и регионално – додаде тој.

Во рамките на проектот направена е стратегија што идентификува можности за развој на органското производство. Еден од аспектите што ги допира стратегијата се токму традиционалните методи што се практикуваат во Македонија и се блиски до ова производство, а со мала интервенција би можеле да станат органски, да се сертифицираат без значителен трошок и значителни измени во начинот на производство.

Според претседателот на Федерацијата, Ѓорѓи Хаџи-Котаров, во рамките на проектот формиран е консултантски центар во Струмица и изрази надеж дека тој центар ќе се прошири и во другите поголеми градови во државата.