Трофејниот стручњак, Лучијано Спалети, во новата клупска сезона нема да биде предводник на новиот шампион на Италија, тимот на Наполи. Првиот човек на „азурите“, Аурелио де Лаурентис, откри дека Спалети самиот побарал да замине од тренерската функција, а неколку часа подоцна и искусниот стручњак потврди дека сака да земе една година одмор.
Благодарение на Спалети, но и на неговите избраници, Наполи по пауза од 33 години го освои популарното „скудето“.
Италијанските медиуми открија дека Наполи веќе ја почнал потрагата по неговиот наследник, а „докторот“ за фудбалски трансфери, Фабрицио Романо, пишува дека челниците на новиот шампион преговараат со поранешниот тренер на Барселона и поранешен селектор на Шпанија, Луис Енрике.
Преговорите ги потврди и самиот Де Лаурентис, но додаде дека се е под знак прашалник затоа што Енрике има понуди и од англиската Премиер лига.
- Нормално дека Луис е топ тренер. Разговаравме, но можам да ви потврдам дека размислува за неколку клубови од Премиер лигата. Ми кажав дека таму нема да најде добра храна и локација за живот каква што има кај нас, во Италија, но можам да сфатам дека таа понуда е финансиски поатрактивна. Тие му нудат пари, а ние подобра храна, изјави Де Лаурентис за „Раи Спорт“.