Тешко повреден 29-годишник во Гостивар:  Со четирицикл удрил во бетонски столб

38

Дваесет и деветгодишен гостиварец бил тешко повреден, откако со четирицикл удрил во бетонски столб.

– Во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„Балиндолска“ во Гостивар, Р.Џ.(29) од Гостивар, управувајќи четирицикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонски столб. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека со телесни повреди се здобил сопатникот Ф.Х.(29) од Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар, соопштуваат од МВР.