Тешки два бода за шампионот МЗТ Скопје на гостувањето кај Кожув

25

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром со победа ја стартуваше одбраната на титулата, откако вечерва во Гевгелија славше минимално против Кожув со 78:76.

Тесна победа забележа и Куманово на домашен терен над Пелистер со 84:79.
Фаворитските улоги ги оправдаа Еуроникел со триумфот во Скопје против Вардар 92:82 и Гостивар со победата над Академија ФМП со 95:75.

Првото коло од Првата македонска кошаркарска лига ќе биде заокружено на 16 октомври со дуелот меѓу Работнички и младинскиот тим на МЗТ Скопје.