Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово – има повредени/Фото

170

Автобус полн со патници се преврте на автопат Тетово-Скопје кај селото Ласкарци денеска околу 17 часот, потврди МВР за МИА.

Официјални информации се уште нема  за тоа што се случило и дали во сообраќајката има жртви и повредени.

На лице место се упатени и протипожарни екипи да помогнат во извлекување на повредените, а болниците во скопје се мобилизираат да ги примат повредените.

Несреќата според очевидци, се случила откако автобусот преминал на другата страна од колозовот, ја пробил оградата и се превртел во провалијата.

МВР наскоро најави повеќе информации за несреќата.