Париз, главниот град на Франција, но и центар на модните случувања, светски го нагости познатиот македонски моден дизајнер (од малото гратче Тетово), Златко Јовановски, попознат како Џеј Зи Џеј. На Балканот, Златко е познат по својата модна работа со пејачките ѕвезди Јелена Карлеуша и Цеца Ражнатовиќ. Модните вкусови во Париз беа вперени кон неговите модни фустани и кон модните парчиња, кои предизвикаа вистински восхит.
–
–
Со тоа, Градот на Светлината уште повеќе блесна, па македонскиот гламур од Тетово се пресели на брегот од реката Сена, која поминува низ Париз. Но, и покрај Ајфеловата кула, на Шанзилизе, на Монмартр, покрај концертната сала „Олимпија“, насекаде каде што имаше интерес за нашиот златен Златко. А, имаше во изобилство.
Тој дури даде и интервју за модната ТВ-куќа „Fashion TV“. Беше карактеристично облечен, и во слободното време (во костум како на леопард), но и официјално – со својата препознатлива црвена наметка, дополнета со две круни на рамената, со мали тркалезни огледалца и со златен вез. Д.М.