Теретана се прогласила за црква, за да избегне затворање

97

Популарна теретана во Краков, Полска успеала да остане отворена и покрај новите мерки против ширењето на коронавирусот, прогласувајќи се за продавница во која луѓето можат да тестираат опрема, но и за црква која нуди „верски состаноци“ за промовирање на здрав начин на живот.

Во текот на викендот пплицијата во Краков влегла во фитнес центарот „Атлантик спортс фитнес“ во кој десетина луѓе вежбале и покрај забраната за работа на теретани. Полицијата го идентификувала персоналот и посетителите, но не напишале казни бидејќи претставниците на теретаната тврделе дека се е легално.

Со оглед на тоа дека фирмата веќе има класификација за работа кој и овозможува вршење на малопродажни услуги „Атлантик спортс“ се прогласил за продавница во која луѓето би можеле да влезат и да тестираат опрема.

– Не сакам дупки во законите, но немам избор – вели менаџерката на теретаната Марта Хамроз.

– Не знам зошто удираат на фитнес индустријата кога црквите се отворени и трговските центри работат, одлуката е против секаква логика и не можам да ја разберам – додала таа.

Полицијата проверува дали се е според законите, а одлука за санкции не е донесена.