Теретана во Јужна Кореја со строго одредени правила: Дозволува влез само за елегантни жени, забрането е за „тетки“ без манири

615

Теретана во јужнокорејскиот град Инчеон, во близина на главниот град Сеул, постави знак дека користењето на објектот е дозволено „исклучиво за културни и елегантни жени“.

Констатирано е и дека „тетките“ без манири не смеат да влезат.

Знакот го користи зборот „аџума“, кој се однесува на жени во доцните 30-ти и постари, но е и погрден термин за жените кои се однесуваат лошо.

Локалните медиуми не ја наведоа теретаната ниту сопственикот, кој го бранеше потегот, тврдејќи дека неговата компанија „претрпела штета“ поради таквите жени и нивното однесување, пренесува Би-Би-Си.

Тој изјави дека има разлика меѓу жените и „ајумите“, бидејќи „тетките сакаат бесплатни работи“ и во теретана перат алишта и крадат пешкири.

Би-Би-Си јавува дека забраната ја поддржале поединци на Интернет, но и дека акцијата на оваа теретана во Јужна Кореја повторно ја отворила дискусијата за третманот на постарите, особено жените.