Тереза Кесовија: Вакцинирана сум,немам корона, носам маска и често мијам раце!Не знам зошто ме озборуваат?

488

Легендарната пејачка од Дубровник Тереза Кесовија која пред некој ден го прослави дома семејно во потесен круг својот 83. роденден, сè уште е активна на естрадата. Снима нови песни, нови спотови, а летово имаше и неколку концерти на Јадранско Море кога попуштија здравствените мерки. Тереза требаше ова лето да пее и кај нас во Куманово на “Тамбурашкиот фестивал“, ја поканија и на “Охрид-фест“, но сето тоа таа го одбила строго чувајќи се од овој опасен вирус. Набргу потоа, почнаа да се плеткаат приказни дека славната Тереза е болна од корона и дека затоа останала дома.
-Тоа се чисти измислици, трачеви и шпекулации на кои не наседнувам. Вакцинирана сум со две дози, ако треба ќе ја примам и третата, одлично се чувствувам, само што сум преморена. Не затоа што, не дај боже, ја имав короната, никогаш ниту ја имав, туку затоа што често патував од Париз до Загреб и Дубровник. Мене местото не ме држи иако е ова време-невреме на пандемијата. Или како што би кажал народот “не сака громот во коприви“, хахахааа… така што би им порачала на озборувачите, да си го гледаат своето здравје. Баш сум си расположена, но и бесконечно тажна поради толку многу загубени човечки животи. Имам испомешани чувства.

Јас, Тереза, немам корона, носам заштитна маска насекаде, мијам често раце. Сосема доволно и за мене и за секој од нас, да се спасиме од оваа болештина и да почнеме нормално да живееме, како некогаш, порачува славната пејачка која поради зголемен број на заболени од корона во Словенија, мораше да го одложи сега во октомври и по вторпат својот солистички концерт во Љубљана во “Цанкарјев дом“. (Д.М.)