Тереза во костимот за капење – драги спомени од младоста: И тогаш летото беше жешко

738

И денес важи за една од најпопуларните (секако и кај нас во Македонија) и најзгодините пејачки на овие поранешни југословенски простори, без разлика на тоа што легендарната Тереза Кесовија сега „брои“ пристојни 86 години.                            Тереза е свесна дека веќе нема зошто да се соблекува во костимите за пливање, по плажите и во весниците. Без разлика што овој  јуни се бориме со високите тропски температури.  Си знае таа до каде може да оди со своето домашно воспитување бидејќи си ги има сите манири на една вистинска дама.

A, вака изгледа денес легендарната Тереза

Па, така останува само да ѝ се восхитуваме на пејачката која испеа многу големи хитови, како феноменално провокативно изгледала во времето на својата младост. Сликана од фоторепортерите на некоја од плажите во нејзиниот роден Дубровник, во модерниот костим за капење (пливање). Тоа е од она дамнешно поминато време на популарните „Сплитски фестивали“, кои се одржуваа на почетокот на летото, а на кои Тереза речиси секогаш победуваше, па и тогаш како девојка со големиот хит(евергрин) „Ноно, добри мој ноно“.   Д.М. фото:архива