Кошаркарот на Мемфис, Џа Морант, се здоби со повреда на дуелот против Бруклин поради која ќе биде надбвор од терените најмалку еден месец.

За среќа повредата на Морант не беше од тешка природа, иако првично изгледаше лошо, па дури беше изнесен од теренот во инвалдиска количка. Тој има повреда на глуждот од втор степен и веројатно ќе мине само еден месец надвор од терените.

Морант одлично ја стартуваше сезоната во НБА лигата, со 44 поени против Сан Антонио и 28 против Атланта, но останува да видиме дали оваа повреда ќе влијае на формата на одличниот кошаркар.