Милан неодамна обелодени дека нов фудбалер на екипата е францускиот бек Тео Ернандес. Овој 21-годишен фудбалер во градот на модата не доаѓа сам туку со себе ја носи и атрактивната манекенка Адријана Позуко.

Се работи за 25-годишна шпанска манекенка, која е родена во Мадрид, и е во двегодишна врска со Тео. Откако заедно живееја во Мадрид, својата љубовна приказна ќе ја продолжат во Милано, каде што Адријана сигурно ќе привлече големо внимание кај италијанските медиуми, кои можеби и ќе ја соблечат гола за насловните страници.