Тенковите Леопард 2 би можеле да пристигнат во Украина во март или април

44

Западните партнери би можеле да го испорачаат првиот баталјон борбени тенкови Леопард 2 на Украина во првите три или четири месеци од оваа година, изјави денеска германскиот министер за одбрана Борис Писториус за време на неговата посета на Полска.

-Би можеле да испорачаме најмалку еден тенковски баталјон во првите четири месеци од оваа година, а можеби и во првите три месеци, рече Писториус. Тој прецизираше дека првиот испорачан баталјон ќе вклучува 31 тенк . 

Одговарајќи на повеќекратните апели од Украина, со зголемен притисок од некои западни сојузници, Германија минатиот месец одлучи да го снабдува Киев со модерни главни борбени тенкови Леопард 2. 

Дополнително, Германија ќе обнови најмалку 100 тенкови Леопард 1 од воените резерви заедно со Данска и Холандија за потребите на украинските вооружени сили.