Рускиот тенисер со казахстански пасош Александар Бублик, стана ѕвезда на денот на друштвените мрежи, откако дивееше во текот на мечот со Хенри Лаксонен, на АТП турнирот во Монпелје.
Откако направи неколку сервис грешки во низа, почна да урла:
-Е*ано го мразам тенисот, од се срце го мразам. Е*ано го мразам. Тенисот е најдвратен спорт од сите спортови на светот. Го мразам секој ден што мора да го играм, мразам да се борам, урлаше Бублик.
Ова искажување на бес му се испалтеше на 54. играч во светот, бидејќи го доби мечот со 6:7, 6:1, 7:6, но во следното коло испадна од Белгиецот Давид Гофан со 3:6, 6:7. На секој свој сервис во овој меч сервираше под рака, а тоа го направи и на сет топка во вториот сет при резултат од 9:8 во тајбрејк.