Теа Трајковска искрено: Моите блиски не знаат каде се заразија

599

Едни молчат, некои јавно се огласуваат и споделуваат дека минале низ кобната пандемиска болест. Има и такви јавни личности кои цело време нè известуваат како тече нивниот процес до оздравувње и без да се срамaт што станале жртва на коронавирусот. Пејачката Теа Трајковска јавно сподели за корона состојбата што не го одмина нејзиното семејство.

– Се мислев дали воопшто да го споделам ова тука, ама сметам дека е важно да се биде искрен и дека такa треба да се користат ваквите платформи, а не селективно прикажување на симпатичните, романтичните и инстаграм-естетските животни моменти. Последниов месец беше real-life ролеркостер во секоја смисла. Денес, благодарна сум што сме сите на број, благодарна сум што не заразив никого бидејќи се изолиравме неколку дена порано и благодарна сум што поминавме низ ова без поголеми последици. Ситуацијата е пререална, никој од моите блиски кои иницијално се заразија не знаат од каде/кого и покрај придржувањето до мерките и внимавањето и што е најчудно дел од нас бевме негативни на првиот тест. Чувајте се и заштитете ги повозрасните околу вас, напиша Теа на Инстаграм.