Театар: „Не се клади на Енглези“ – во обложувалница

38

„Не се клади на Енглези“ од Владимир Ѓурѓевиќ, во режија на Синиша Евтимов е претставата која публиката ќе може да ја види утревечер (12 ноември) со почеток од 20 часот во Македонскиот народен театар.

Претставата го третира феноменот „спортско обложување“, а текстот се занимава со причините и последиците од истото: бескрајно долгата транзициска беда, надежта на пониските социјални слоеви за брза заработка, дегенерација на нацијата… Жанровски претставата е комедија, но во текстот може да се насетат и болните аспекти на девијантната појава, обложувањето.

На секундарно ниво оваа претстава ја истражува и границата помеѓу човековата себичност и искреното пријателство. Во улогите настапуваат Сашко Коцев, Оливер Митковски и Александар Микиќ.