Театар: „Крал Иби“ – да се гази до врвот

59

„Крал Иби“ по текст на Алфред Жари, во режија на Васил Христов е претставата која публиката ќе може да ја види утревечер (21 ноември) со почеток од 20 часот во Драмски театар.

Преку главниот протагонист Татко Иби во една структура на гротескна пародија на Шекспировиот Магбет, плашливецот Крал Иби, претставникот на буржоазијата е прикажан како некој кој бескрупулозно гази се пред себе за да ги достигне своите цели. Преку овој централен карактер кој е познат по неговиот апсурдно инфантилен однос кон светот и кој поседува алчна потреба по низа задоволства, авторот ни ја презентира неговата слика за модерниот човек. Истовремено авторот става акцент и ги издвојува алчноста и моќта за власт како „болести“ во модерниот свет.

Во претставата играат Игор Ангелов, Биљана Драгиќевиќ Пројковска, Зоран Љутков, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ, Софија Куновска, Предраг Павловски, Јана Стојановска, Маја Вељковиќ Пановска…