Театар: “Кец на десетка“ – како да се остави впечаток на идниот зет

67

Утревечер (21 јануари) со почеток од 20 часот, во Македонскиот народен театар, публиката ќе има можност да ја види комедијата “Кец на десетка“ на Митко Бојаџиски, во режија на Драган Спасов-Дац и Јордан Симонов.

Приказната во претставата се расплетува кога едно сосема нормално семејство ќе се собере за да го запознае идниот зет, и кога од секој член се очекува да даде се од себе и да ги потисне внатрешните проблеми, како и фактот дека можеби во фамилијата претстои развод… Ситуациите произлезени од овој заплет се комични, хуморот спонтан и природен и брзо ја освојува публиката.

Во претставата играат: Александар Микиќ, Тања Кочовска, Нина Деан и Ивица Димитријевиќ.