Театар: “Животот на Молиер” – глумецот и сцената

65

“Животот на Молиер” по текст на Михаил Булгаков, во режија на Александар Поповски е претставата која утревечер (7 ноември) од 20 часот ќе се изведе во Македонскиот народен театар.

Во претставата играат Никола Ристановски (Молиер), Сашка Димитровска, Емил Рубен, Драгана Костадиновска, Оливер Митковски, Марија Новак, Нина Деан, Игор Ангелов, Дениз Абдула, Никола Ацески.

„Зошто токму Молиер? Тешко е да се одговори на ова прашање. Јас го читам Молиер повторно и повторно, го сакам уште од детството. Молиер имаше големо влијание врз моето формирање како писател. Чинам дека секогаш ме привлекувала неговата комплексна личност: учител на цели генерации драматичари, голем актер, ненадминат комичар, режисер… Напоредно, во личниот живот, тој е несреќник, меланхолик, сосема трагичен човек“, кажал Булгаков, а од МНТ додаваат “Глумецот има само една љубовница… сцената… онаму каде што сакаме да живееме и на која сонуваме дека ќе умреме, како Молиер за да биде и нашата последна геста голем спектакл“.