Театарската претстава “Дух” по текст на Дејан Дуковски, а во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, ќе се изведе утревечер (20 март), со почеток од 20 часот, во Македонскиот народен театар.
“Секој човек што ќе ја гледа оваа претстава ќе се препознае, ќе ја осети болката и ќе сака да стане дел од решението на проблемот во општеството во кое живееме. Тој проблем е дека сите чувствуваме суштинска неправда, а не гледаме никаков излез. Како да тонеме, а тој момент на немоќ, оваа претстава се обидува да го сруши и да покаже дека можеме да избориме нов пат“, ќе истакне режисерот за претставата.
Во неа играат Гораст Цветковски, Сашко Коцев, Тања Кочовска, Јордан Симонов, Тони Михајловски, Емил Рубен, Ивица Димитријевиќ, Оливер Митковски, Нина Деан, Тина Трпковска, Матеа Јанковска, Никола Ацевски.