Театар: „Галеб“ – за невозвратената љубов

179

„Галеб“ на А.П. Чехов, во режија на Нина Николиќ е претставата која ќе се изведе утревечер (2 октомври) со почеток од 20 часот во Македонскиот народен театар.

„Драмата содржи приказна актуелна за сите нас, кои копнееме за возвратена љубов, но и кои сме подготвени до крај да се бориме за невозвратената или неостварливата љубов во која веруваме“, истакнува Николиќ за претставата која зборува и за храброста на младите генерации автори во борбата со оние кои заминуваат од културната сцена, а кои сѐ уште се борат да ги задржат своите позиции во уметничките кругови и во општеството.

Во претставата настапуваат актерите Звездана Ангеловска, Никола Ристановски, Дарја Ризова, Петре Арсовски, Емил Рубен, Благој Веселинов, Сашка Димитровска, Славиша Кајевски, Тина Трпкоска, Дамјан Цветановски и Аксел Мехмед.