Театарска премиера: „Забрането смеење“ во Струмички театар

34

На малата сцена во Центарот за култура “Антон Панов“, утревечер струмичкиот театар премиерно ќе ја одигра претставата „Забрането смеење“ од хрватскиот писател Миро Гавран, а во режија на Игор Ивковиќ.

Според режисерот Ивковиќ тоа е претстава која раскажува навидум едноставна семејна приказна за 43 годишниот Борис, кој има богата сопруга и со неа е во брак 20 години, а во последните години има и помладата љубовница. Кога таа ќе реши да ја раскине врската со него, почнуваат проблемите… Улогите ги толкуваат актерите Стојан Велков-Трн, Јасмина Вучкова и Анкица Бенинова.

Претставата во Струмица се игра по неодамнешната премиера во Виена.