ТВ-водителката Драгана Катиќ ја отвори својата напатена душа: Секој од нас има потреба од невропсихијатар

9390

Добропознатата водителка која води разни музички ТВ-емисии, а најчесто шоуто „Никогаш не е доцна“, Драгана Катиќ, неодамна си ја отвори напатената душа. Притоа зборуваше за големиот број тешкотии од приватниот живот низ кои има поминато.

Нејзината мајка се разболела од рак. Драгана морала да оди со неа на хемотерапии, бидејќи била стара и не можела сама, онака исцрпена и едвај подвижна. За тој тогашен проблем, знаел само музичарот Саша  Поповиќ.

– Тогаш започна мојот кошмар. Морав да заминам на невропсихијатар. Таму раскажав за сложената ситуација со мајка ми. Иако јас лично не би имала време за такви терапии, сепак морав да најдам временски протор.

Но, и понатаму искрено сметам дека на секој од нас му е потребен невропсихијатар. Живееме во тешки емотивни и финансиски времиња. Само малку музиката ни го разубавува денот. Тие хемотерапии со мајка ми беа претпладне, а веќе попладне снимав по две повеќечасовни емисии.

Освен што имала емотивни кризи, Драгана поминала и низ големи финансиски тешкотии.

– Влегов во еден период на целосна финансиска немоќ. Најтешкиот дел од тој период ми беше кога морав да го продадам златото за да преживеам – раскажа згодната водителка со тажен глас.

Таа деновиве одморена се врати од морето и со полна пареа почна да гo води шоутo “Никогаш не е доцна“.   Д.М. фото:архива