Твитер затвори 373 профили за пропаганда

14

Компанијата Твитер денеска соопшти дека затворила 373 профили поврзани со Русија, Ерменија и Иран, бидејќи ги прекршиле правилата на оваа социјална мрежа за манипулација со податоци.

Компанијата укина 238 профили кои биле активни во Иран и прекршиле уште некои други правила на Твитер.

Претставници на властите на Сан Франциско, каде што се наоѓа седиштето на оваа социјална мрежа, соопштија дека 100 профили поврзани со Русија биле отстранети поради пишување текстови што ја поткопуваат вербата во НАТО и чија цел биле САД и Европската унија.