Пејачката Тања Савиќ откако се појави на сцена уште од 2004 година во „Ѕвездите на Гранд“, па сè до денеска, помина низ разни турбуленции и во кариерата и во приватниот живот. Често ги менуваше музичките правци, се пресели во Австралија, за нејзиниот маж сешто се зборуваше, а по многу години објави и песна „Сироче“ која ја потсетува на нејзиниот прв албум „Тако млада“.

Таа вели дека Тања никогаш не ни заминала и дека секогаш била тука, но едноставно сакала да се испроба и во други жанрови. Потоа додаде дека нема план по кој се води што да сними во иднина и дека сака да го сними тоа во што ќе се пронајде. А, она што е најбитно е да ја почувствува песната за да може својата емоција да ја пренесе на најдобар начин на својата публика. Пејачката откри дека  споменатата песна ја снимила уште пред две години, но дури сега ја објавила.

Во песната „Сироче“ Тања пее за насилство во семејство, а се шпекулираше дека и таа има проблеми во својот брак, а дали во песната се опишани моменти од нејзиниот приватен живот пејачката отворено кажа дека се поистоветила со сите жени кои трпат насилство.

–   Едноставно се поистоветив со сите жени кои трпат било какво насилство. Песната е во смисла на сето она што секојдневно можам да го слушнам и да го прочитам. Штом ја слушнав знаев дека можам да ја изнесам на некој свој начин. Потоа донесов одлука да ја екранизирам и да ја подигнам свеста на луѓето во однос на насилството бидејќи сметам дека треба да се сакаме и да шириме безусловна љубов, бидејќи љубовта менува сè, кажала Тања.

Тања Савиќ

Но, минатата година Тања била снимена како плаче пред нејзиниот стан во Белград, на што таа сега кажа дека тоа е составен дел од животот на секој поединец и дека секој човек има несогласувања, но бидејќи таа е јавна личност нејзиниот живот ѝ е интересен на јавноста и на медиумите. На што додаде: „Секој од нас има издувен вентил, така што и јас сум една обична и семејна жена која знае да пушти солза и која знае да ја сподели својата тага со други. И мислам дека тоа не е нешто срамно. За време на целата моја кариера се трудам да им бидам добар пример на моите деца и еден ден кога ќе пораснат и кога ќе отворат интернет да видат која е нивната мајка и да им оставам добар впечаток. Ќе им објаснам дека не е срамно ако јавно се покажат емоциите.

Со години се зборуваше дека нејзиниот брак со Душан не е идеален и дека ќе се разведат, но Тања порачува дека љубовта се може да победи.

„Ништо во животот не е лесно. Но, сепак мислам дека е нормално да дојде до недоразбирање во еден брак, но се е добро додека се сакате. Повторно ќе нагласам, љубовта го менува светот, па така и во мојот брак владее љубов која ги победи сите недоразбирања и потешкотии“ – кажала Тања.

Фото: ФБ.