Британскиот боксер Тајсон Фјури изјави дека верува оти Украинецот Александар Усик повторно ќе го победи Ентони Џошуа.  Усик и Џошуа повторно ќе ги одмерат силите во реваншот закажан за 20 август во Џеда, Саудиска Арабија.

Украинецот во септември минатата година стана светски шампион во тешка категорија, откако по 12 кола во Лондон со едногласна одлука на судиите го победи Џошуа.

Усик ги презеде шампионските појаси во верзиите WBO, IBF, WBA и IBO.

“Усик не погодува силно, но се движи одлично. Секогаш е пред вас. Џошуа може да изведе силен удар, но мислам дека Усик е преголем залак за него. Тој е попаметен и пребрз, тој е само подобар боксер “, изјави Фјури.

Фјури е светски шампион во верзијата ВБЦ.