Светското првенство во бокс ќе се одржи од 24. октомври до 6 ноември во Белград, заради што во Србија ќе дојдат најдобрите претставници од овој спорт, но и еден од најдобрите во историјата на овој спорт – Мајк Тајсон

Тој ќе биде гостин на Боксерската федерација на Србија, пишува „Курир“ Интересно е дека неговиот последен противник Рој Џонс јуниор, поседниве неколку месеци веќе два пати бил во Белград, се со цел да помогне во организацијата на Светското првентво, а сега заради истата причина ќе допатува и „Челичниот Мајк“

Пред да ја прифати поканата тој поставил неколку услови. Еден од нив е да се добие целиот кат на еден од најпознатите хотели. Тој побарал и специјално мени базирано на месо од бизон, како и голем избор на свежо цедени овошни сокови.

Тајсон, 55-годишен поранешен шампион во тешка категорија, минатата година одржа егзибитивна борба против Рој Џонс.

Не е познато колку време Тајсон ќе престојува во Србија, но не е единствената светска мега ѕвезда која ќе престојува во Белград. Прославениот холивудски актер Марк Волберг , исто така ќе дојде во Белград и со Милош Биковиќ ќе биде дел од свеченото отворање на Светското шрвенство во Белград.