Тајни за добар сон кои ги откриваат стручњаците

38

Што е она што ви треба за да имате добар сон? Удобна перница, подолго спиење, читање книга пред заспивање… Докторите Стефани Силберман и Мухамед Најар, експерти за квалитетен сон, од Институт во Еванстон ги споделија своите досегашни искуства, но и совети за подобар сон.

Тие велат можеби не ви се потребни осум часа спиење. Идеална количина на сон, всушност е онаа која наредниот ден ќе ви даде доволно енергија.

Фрлете ги пижамите и пробајте да спиете без нив, дозволете му на телото да дише и да се одржува поладно. Тоа го олеснува сонот и го прави квалитетен.

Слободно гледајте телевизија пред спиење, советуваат докторите. Многумина едноставно не можат да го исклучат мозокот и да заспијат. Тука телевизијата помага. Ставете го телевизорот на тајмер, советува доктор Најер.

Не се откажувајте од своите методи на заспивање. Без разлика дали е тоа музика, плишано мече, одреден ритуал и слично

Никогаш не посегнувајте по „ноќна капка“, алкохолот опушта, но во текот на сонот често ќе се будите, ако сте пиеле пред спиење

Можеби одите во кревет прерано, па се будите многу рано наутро. Понекогаш немате проблем со несоница, само рано си легнувате, вели доктор Силберман.

Ако се мачите со несоница, размислете за разговор со психолог, кој е специјализиран за проблеми со спиење. Неговата техника и терапија сигурно е подобра од некои лекови.

Избегнувајте го кофеинот, тој може да ве држи во лесни фази на сон.

Не спијте на стомак, тоа е најлошата положба за вратот и грбот. Најдобро е да спиете на грб со перница под колената поради потпора.