Тајзи, момче кумановче, музичкиот „бунтовник“ со најнов хит – По револуционерната италијанска „Бела чао“

54

Неодамна за Денот на ослободувањето  на Куманово, на Градскиот плоштад  пред публиката од над 30.000 луѓе популарниот Тајзи одржа феноменален концерт. Сите пееле и танцувале со него, а девојките, како што велат тие што биле таму, дополнително и врискале и пискале!

Многу омилен кај најмладата публика, кумановскиот поп-рапер Драган Величковски со прекарот Тајзи повторно изненадува. По балканската преработка на револуционерната италијанска песна „Бела чао“, во која ја прикажува суровата реалност во која што живееме, Тајзи има нова добра песна насловена како „Иронија“ од истоимениот нов албум.

Инаку, Тајзи неодамна за Денот на ослободувањето Куманово, на Градскиот плоштадот пред публиката од над 30.000 луѓе одржа феноменален концерт. Сите пееле и танцувале со него, а девојките, како што велат тие што биле таму, врискале и пискале од преголемата радост. Девојките се согласни во тоа дека Тајзи според нив не само што убаво пее, туку тој им е и многу сексапилен. Нешто што е многу важно да поседуваш во шоу-бизнисот. Како дел од севкупниот впечаток.

„Иронија“ е  на текстот и музиката од самиот Тајзи, додека аранжманот е на продуцентот Иле Спасев. Песната е зајакната и со видеото кое го работеше Никола Ставрески.
Драган Величковски Тајзи  има повеќе од дваесет песни со милионски прегледи и не прекинува пријатно да ја изненадува својата публика повеќе од 12 години колку што е присутен на македонската естрадна сцена. Кумановскиот „бунтовник со причина“ како што го етикетираат многумина, борец за еднаквост и социјална правда, за наредниот месец пред Нова година најавува уште едена нова интересна песна.  (Д.М.) фото: ФБ