Тачи пристигна во Хаг

85

Претседателот на Косово , Хашим Тачи, пристигна во зградата на Обвинителството во Хаг.Тој треба да биде сослушан за обвинението во кое се товари за воени злосторства извршени на Косово.

Пред да влезе во судот, Тачи рече дека се борел за независно и слободно Косово, „засновано врз еднакви права, мултиетничко општество и владеење на правото“, и дека е подготвен да се соочи со нови предизвици и триумфи за неговиот син, семејството, луѓето и својата држава, јавија косовските медиуми.

“Никој не може да ја смени историјата. Ова е цената на слободата. Јас верувам во мир, вистина и правда. Верувам во дијалог и добри односи со сите соседи. Косово е успешна приказна и јас сум горд на тоа. Судбината на Косово е членството во ЕУ, НАТО и трајно пријателство со Соединетите држави“, рече Тачи.

Косовските медиуми јавуваат дека неколку десетици Албанци го чекале пред седиштето на судот, протестирајќи против обвинението, во кое заедно со него е обвинет водачот на ПДК, Кадри Весељи и други лица.

Албанците кои го пречекаа носеа разни транспаренти и го скандираат името на Тачи, пренесува Коха Диторе.

Обвинението против Тачи е поднесено на 24 април и сега е кај судијата, надлежен да го разгледа и да донесе решение за потврда, објави Специјалното обвинителство на крајот на јуни.

Според изјавата на обвинителот, Тачи, Весели и другите осомничени од обвинението се товарат за скоро 100 убиства.

Жртви на обвинението се стотици лица чиј идентитет е познат, вклучувајќи косовски Албанци, Срби, Роми и луѓе од други националности, како и политички противници.

Во декември 2011 година, швајцарскиот сенатор Дик Марти објави извештај во Советот на Европа во кој се наведуваат неколку поранешни лидери на Ослободителната војска на Косово, кои биле вклучени во воени злосторства.

Косовското собрание го донесе законот за формирање на Специјализираните оддели и специјализираното обвинителство во август 2015 година.

Нивниот штаб беше преместен во Хаг заради безбедноста на жртвите и сведоците на истражната постапка.