epa11582632 Emma Navarro of USA in action during her Women Singles quarter-finals match against Paula Badosa of Spain at the US Open tennis championships in Flushing Meadows, New York, USA, 03 September 2024. EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Ема Наваро, 23-годишна Американка што се проби до самиот врв на ВТА-листата, е хит на последниот грен- слем турнир, САД опен. Таа годинава стигна до 12. место на ВТА-листата, а по сензационалната победа над Коко Гоф, го чека првиот влез во топ-10 во кариерата. Но, таа не застана тука и во четврт-финалето ја совлада Шпанката Паоло Бадос со 6:2, 7:5, а во полуфиналето ќе се сретне со подобрата на мечот меѓу Кинезинката Женг и Белорусинката Сабаленка.

На Вимблдон, таа се претстави со победа над Јапонката Наоми Осака и со пласман во четврт-финалето, а на САД опен направи чекор напред. Исто така, стигна до четвртото коло на Ролан Гарос, третото на Австралија опен и тоа се најдобрите резултати во нејзината кариера. Таа има една титула на ВТА и има заработено 2.400.000 долари од тенисот, но парите не се нејзин проблем. Всушност, тие освоени милиони се буквално дел од нејзиното богатство.

Да речеме, Новак Ѓоковиќ освои 184.000.000 долари во кариерата, Рафаел Надал 134.000.000, а Роже Федерер 130.000.000. Кога ќе се собере сето тоа, не е ни блиску до богатството на семејството Наваро! Всушност, таткото на Ема Наваро, Бен, вреди 3.500.000.000 долари!

Н: Кој е Бен Наваро?

Бен Наваро е роден во Вилијамстаун, Масачусетс, и е едно од осумте деца на Френк Наваро, познат тренер во американскиот фудбал. Интересно е што не се знае кога е роден, секаде само се наведува дека годината на раѓање е 1962 или 1963 година. Изгледа дека во толпата деца што ги имал, Френк заборавил кога точно го добил Бен. Кариерата ја започна во различни банки, стигна до „Голдман сакс“, а потоа почна да работи самостојно.

Неговото богатство доаѓа од купувањето долгови тешки за наплата, а од милионите што ги зеде на тој начин, почна да инвестира. Неговите компании редовно се под голем притисок поради ваквиот начин на водење бизнис. Тој не еднаш се обиде да се занимава со спорт. Прво, во 2018 година се обиде да го купи НФЛ-тимот Каролина пантерс, а потоа купи два женски турнира на ВТА-турнејата – Чарлстон и Синсинати. Бен е оженет со Кели и, покрај Ема Наваро, тие имаат уште три деца.