Татко очајно моли за помош да му се најде синот кој беше во „кобниот“ автобус

36
Татко веќе повеќе од 15 часа е во потрага по својот син Седат Реџепи, кој вчера бил во автобусот кој што излета од патот и се преврте, по што загинаа 14 лица.

Таткото на Седат (фото) бил во сите болници, пренесува ТВ21, меѓутоа не може да го најде својот син и моли за помош за некаква информација. Тој вели дека син му не е на имињата меѓу загинатите, но во ниту една болница не може да го пронајде и нема информација што се случува со него.

Седат се враќал од работа со автобусот кој околу 16 часот се преврте на автопатот Скопје – Тетово.