Таткото на Вања оди во притвор: Кривичниот суд го прифати барањето на Обвинителството

2346

Кривичниот суд го прифати барањето на Обвинителството за 48-часовен притвор за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.

Тој вечерва оди во истражниот затвор во Шуто Оризари.

Ѓорчевски на осомничениот за грабнувањето и убиството на 14-годишното девојче, Љупчо Палевски, кој сега се бара и со меѓународна потерница, му дал информации за времето во кое ќерка му го напушта домот сама, со цел да се изврши киднапирањето.

Кога го спроведуваа Ѓорчевски во судот, снимен е неговиот гест кон новинарите и камерите – ги крена палците на рацете врзани со лисици.