Тасманија: Бројот на китови заринкани во плитките води достигна 470

28

Двесте и седумдесет кита се заглавија во плитките води во подрачјето на Маквари Хедс во австралиската држава Тасманија, а најавено е дека се заглавени уште двесте кита, пренесува агенцијата Анадолија.

Ник Дека, менаџер за паркови и диви животни во Тасманија, рече дека при набљудувањето од воздух забележале уште 200 пилот-китови, кои се заглавиле во плитките води. „Повеќето китови забележани од воздух изгледаат мртви, сепак, испратен е брод за да се процени нивната состојба“, рече Ник Дека. Наведувајќи дека продолжуваат работите за да се утврди дали има китови и на другите брегови во регионот, Дека рече дека спасувачките екипи ќе извршат сеопфатно пребарување.

Спасувачкиот тим од околу 40 лица, кои работеа на спасување на преживеаните китови пронајдени во три групи во подрачјето на Маквари Хедс, успеа да  извади од плитките води 25 кита. Морските биолози велат дека активностите за спасување на китовите може да траат со денови.